Достапни линкови

Македонија очекува прием во НАТО на самитот во Чикаго


Македонија очекува прием во НАТО на самитот на Алијансата во Чикаго, по пресудата од Судот во Хаг, изјави денеска заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев.
Тој посочи дека целата македонска политика спроти одржувањето на самитот е во насока да се мобилизираат сите ресурси на дипломатија во насока на издејствување на прием во НАТО.

„Воените аташеа како инструмент на воената дипломатија добија инструкции пресудата во Хаг да ја користат во средбите кои што ќе ги имаат до самитот на НАТО“, рече Димитриев.
XS
SM
MD
LG