Достапни линкови

Серија бомби во Багдад, десетици загинати


Серија бомби експлодираа денеска во делови од Багдад, главно населени со шиити, при што најмалку 20 луѓе загинале. Во квартот Садр Сити во Багдад во две експлозии загинале 9 лица, а два автомобили бомби експлодирале во населбата Кадимија, исто така населена со шиити, каде што имало 12 жртви.
Ќорсокакот во кој се наоѓаат сунитските и шиитските политички фракции и повлекувањето на американската војска од Ирак во минатиот месец, ja обновија загриженоста од нови судири во земјата.
Кризата ескалира откако владата на премиерот Нури ал Малики, во која мнозинство имаат Шиитите, издадоа налог за апсење на сунитскиот политичар и потпретседател Тарек ал Хашеми.
XS
SM
MD
LG