Достапни линкови

Шефот на британската дипломатија во посета на Мјанмар


Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг денеска ја започна посетата на Мјанмар, што е прва на вакво ниво од 1955-та година. Тој ќе разговара со државниот врв на таа земја, но и со опозиционата лидерка и нобеловката Аунг Су Ки. Во минатиот месец во посета на Мјанмар беше американскиот државен секретар Хилари Клинтон.
Со крајот на воената диктатура и демократските промени во Мјанмар, земјата почнува да излегува од долгогодишната меѓународна изолација.
XS
SM
MD
LG