Достапни линкови

Нов контингент на АРМ во Авганистан


Во касарната „Кузман Јосифовски - Питу“ во Тетово, денеска ќе се одржи свеченост по повод испраќањето на контингентот на АРМ од составот на Втората Mеханизирана пешадиска бригада, кој учествува во мировната мисија ИСАФ во Авганистан.
Како што најави Генералштабот на АРМ, на свеченоста по повод испраќањето на контингентот на АРМ за мисијата ИСАФ ќе присуствуваат претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, министерот за одбрана Фатмир Бесими, началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, претставници на локалната самоуправа од градот Тетово, роднините на припадниците од контингентот и други гости.
Во Авганистан ќе заминат 149 припадници кои ќе бидат распоредени во главната команда на ИСАФ во Кабул.
XS
SM
MD
LG