Достапни линкови

Серија бомбашки напади во Багдад, над 20 загинати


Во серија на бомбашки напади во шиитските реони во Багдад загинаа над 20 лица, а десетици се повредени. Најголемиот напад се случил во квартот Садр Сити, каде бомба поставена на моторцикл уби најамалку 6 лица.
Ќорсокакот во кој се наоѓаат сунитските и шиитските политички фракции и повлекувањето на американската војска од Ирак во минатиот месец го обновија стравот за нови судири во земјата.
Кризата еруптираше откако владата на премиерот Нури ал Малики во која мнозинство имаат Шиитите издадоа налог за апсење на сунитскиот политичар и потпретседател Тарек ал Хашеми.
XS
SM
MD
LG