Достапни линкови

Смртоносна тепачка во затвор во Мексико


Во тепачка во еден затвор во Мексико беа убиени 31 лице, а 22 се повредени. Според властите затворениците биле убиени со импровизирани ножеви за време на тепачката во затворот кој се наоѓа на Мексиканскиот залив во Алтамира.
Локалните медиуми соопштија дека тепачката била меѓу членовите на нарко картелите Гулф и Зетас, но властите не ги потврдија информациите.
XS
SM
MD
LG