Достапни линкови

Временска прогноза-променливо облачно


Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, а во текот на ноќта нашето подрачје постепено ќе потпаѓа под влијание на влажен и студен бран проследен со засилен северен ветери со врнежи од дожд кои во петок ќе преминат во врнежи од снег.
Врнежите ќе имаат поинтензивен карактер со што ќе дојде и до формирање на нова снежна покривка. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер кој на моменти ќе достигне брзина и до 90 километри на час.
Утринската температура ќе се движи од минус девет до минус три степени, исклучок ќе биде Битола каде температурата ќе се спушти до минус 12 степени. Дневната темепратура ќе се движи од еден до 10, освен во Битола каде ќе достигне до минус седум степени.
Времето во Скопје ќе биде магливо со минимална температура од минус четири и со дневна од три степени.
XS
SM
MD
LG