Достапни линкови

logo-print

Папандреу се повлекува од лидерската функција во ПАСОК


Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу.

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу.

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу пред членови на неговото Сегрчко социјалистичко движење (ПАСОК) најави дека ќе се повлече од функцијата партиски лидер и нема повторно да се кандидира за функцијата премиер, пренесува МИА.

„Тој ни кажа дека ќе поднесе оставка како лидер на ПАСОК и дека нема да се кандидира повторно за премиерската функција“, изјави пратеник на ПАСОК по партиската средба.

Папандреу ја напушти премиерската функција во ноември минатата година, со цел да го отстапи местото за формирање на коалициската влада, која треба да и помогне на Грција да излезе од најголемата финансиска криза досега.
XS
SM
MD
LG