Достапни линкови

Косовските производи без царина во ЕУ


Супермаркет во Косово.

Супермаркет во Косово.

Косовските производители, согласно новите трговски мерки, ќе можат да извезуваат стоки на пазарите на Европската унија без да плаќаат царина, соопшти денеска Канцеларијата на Европската комисија во Косово.

Трговските мерки се применуваат за сите земји од Западен Балкан, со тоа што со нив се обезбедува бесцарински пристап до пазарите на речиси сите продукти со потекло од регионот. Главна цел на трговските параметри е заживување на економиите од земјите од Западен Балкан преку привилегиран пристап до пазарот на ЕУ, се посочува во соопштението.

Косово користеше трговски преференци, но тие истекоа на 31 декември 2010-та година.

Трговските мерки обезбедуваат поволни рамки за развој на трговијата меѓу ЕУ и регионот, додека истовремено ги стимулираат директните странски инвестиции и економски развој.

Извозот на Косово во ЕУ се искачи на 147 милиони евра во 2010 година.
XS
SM
MD
LG