Достапни линкови

logo-print

Хрватска и Словенија на разговори за арбитражата во Брисел


Хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ.

Хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ.

Хрватската министерка за надворешни работи Весна Пусиќ и шефот на словенечката дипломатија Самуел Жбогар ќе се сретнат во вторник, на 10 јануари во Брисел со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, за да разговараат за спроведувањето на арбитражниот договор за решавање на граничниот спор. Темата на состанокот би требало да биде спроведување на арбитражниот договор меѓу Хрватска и Словенија, но ЕК не сакаше да ја коментира содржината на состанокот.

Портпаролот на Филе, Петер Стано, изјави дека Комисијата нема да излегува во јавност со какви било детали врзани за пописот на арбитрите.

Според договорот за арбитража, словенечко-хрватската граница треба да ја одредат петмина арбитри од кои секоја земја именува по еден судија, а преостанатите тројца со заеднички договор од пописот кој ќе го подготви ЕК.
XS
SM
MD
LG