Достапни линкови

Тајланѓанка по љубов дојде во Куманово


Семјство Стојчевиќ. Сопругот Свето, неговата жена Ниен од Талјанд и нивните деца Тома и Лома.

Семјство Стојчевиќ. Сопругот Свето, неговата жена Ниен од Талјанд и нивните деца Тома и Лома.

Ниен од Тајланд шест години живее во Куманово, знае само неколку зборови на македонски, а со луѓето се разбира преку насмевката.

Насмеана, љубезна, гостопримлива и топла, 41-годишната Ниен од Тајланд, земјата на насмевката, во Куманово живее шест години и се чувствува како дома. Таа е единствена Тајланѓанка во Куманово и само со неколку македонски зборови се разбира со сите.
Сега е добро, како во Тајланд. Наоѓам сличности меѓу вашиот и нашиот менталитет. На сестра ми и кажувам дека ми се допаѓа тука како во Тајланд. Во Австралија има отуѓеност.

Својот сопруг, 55-годишниот кумановец Свето Стојчевиќ го поdдржувала од Австралија да дојдат во неговата земја, во неговиот роден град, но и да останат, зашто сличностите и начинот на живот во Македонија и во нејзината земја се поголеми, отколку со животот во Австралија.

Ниен и Свето имаат две деца. Лома што во превод значи делфин, седумгодишен и веќе ученик и Тома, четиригодишник кој е роден во Куманово, го дополнуваат животот на ова прекрасно семејство кое најповеќе меѓусебе се разбира со насмевка, тивко зборување, Ниен и Свето Стојчевиќ

Ниен и Свето Стојчевиќ

постапки и љубов.

Ниен не знае ниту англиски, бидејќи не ја интересира. Лома и Тома со родителите зборуваат на мајчиниот Таи, на англиски и на македонски јазик.

Ова интересно семејство настанало како сплет на околностите. Свето, како дипломиран електроинженер, во 1989 година ја напуштил работата, својот роден град и заминал најпрво во Швајцарија, потоа
Ниен не знае англиски, освен неколку зборови, а јас некако сакав малку да се шегувам. Сепак, полека сфатив дека имам една интересна личност. Се вратив по три месеци да се проверам дали првиот впечаток не бил привиден. Во Тајланд е вообичаено девојките да се мажат за странци, бидејќи има повеќе жени од мажи.

во Холандија, за да пак се врати во Швајцарија.

Таму работел работи кои немаат никаква врска со неговото образование. Работел како компјутерски програмер, масер по методи на традиционална индиска медицина, професор, музичар, електричар, таксист. Сега, три години работи како државен службеник во Комисијата за заштита на конкуренција. Свето ја раскажува неговата животна приказна:

„Во 1992 година заминав за Австралија. Таму правев рамки за слики и работев како такси возач.“

РСЕ: Зошто заминавте од Куманово?

Синовите на Свето и Ниен, Лома и Тома

Синовите на Свето и Ниен, Лома и Тома

„Секогаш ме привлекуваше да одам на страна, да видам како живеат други луѓе. Не само од авантуристички побуди, туку тоа како да беше некој порив, нешто што те тера да го направиш потег без да размислуваш. И добро е да се оди, да се запознаат други луѓе, земји, поинакви размислувања. Тоа е како да имаш уште еден живот, како некој да ти го дава на подарок.“
Секогаш ме привлекуваше да одам на страна, да видам како живеат други луѓе. Не само од авантуристички побуди, туку тоа како да беше некој порив, нешто што те тера да го направиш потег без да размислуваш. И добро е да се оди, да се запознаат други луѓе, земји, поинакви размислувања. Тоа е како да имаш уште еден живот, како некој да ти го дава на подарок.

На прашањето дали е задоволен, тој вели:

„Задоволен сум од животот, кој некогаш е авантура, учење, заработувачка, но и како носталгија. Човекот не ја цени својата земја додека не замине од неа, во странство. Тоа е како некоја врска со ластика. Да се оддалечиш, ластиката да се оптегне и да ја почувствуваш врската. Добро е после тоа искуство да се вратиш во својата земја. Тогаш пак настанува тешкотија. Токму тоа враќање колку и да изгледа лесно, воопшто не е така. На пример, не можеш да се вратиш поради децата, сопругата, финанасиската страна, си ги изгубил врските со пријателите. Се наоѓаат многу сопирачки. А и сите ти велат да не се враќаш, „каде ќе одиш, па и ние имаме татковина, имаме мајка, гледаш таму што се се случува, добро ти е тука...“ Исто како и кога требаше да заминам. И тогаш ми велеа дека имам добра работа, дека сум електроинженер и дека нема причина да заминам.“

РСЕ: Сепак се вративте и тоа со семејство!

„Да. Јас имав подршка од сопругата, бидејќи таа така е воспитана, да го поддржува мажот. Таа во Австралија се чувствуваше како изгубена, не сакаше да учи англиски, иако имавме пријатели со кои се дружевме, таа се вклопуваше со нив, ја сакаа, но таа не се најде себеси во таа средина. Кога дојдовме во Македонија на почетокот беше тешко, подоцна пак се најде тука, почна работа во бавчата со мајка ми и со татко ми. Кога почина мајка ми еве таа готви за татко ми.“

Ниен, иако не зборува македонски, се чини како да го следи и да го разбира разговорот. За тоа како и е тука, таа вели:

„Сега е добро, како во Тајланд. Наоѓам сличности меѓу вашиот и нашиот менталитет. На сестра ми и кажувам дека ми се допаѓа тука како во Тајланд. Во Австралија има отуѓеност.“

Ниен сака дружење со пријатели, а во Куманово ги имаат, иако во нејзината земја пријателите се бројни, но роднински поврзани.

„Во Тајланд доаѓаат повеќе роднини и тоа се многу. Тие повеќе разговараат, а служат само вода. Роднините не служат храна, ама долго време разговараат.“

Какви јадења готви Ниен?

„Знам салата, папаја, а бидејќи ги нема состојките, јас имитирам тајландски оброк со овие состојки.“

РСЕ: Дали би останала тука до крајот на животот?

„Не можам да кажам дали до крајот на животот, но сега сакам да живеам тука.“

Свето вели дека тие се многу приврзани за својата земја. Нивната врска не може да споредува со нашиот однос кон нашата земја.

Свето и Ниен се запознале многу случајно, иако тој барал жена која би била домаќинка, која ќе го почитува сопругот и неговото семејство. Сепак, како што вели Свето, женидбата со Ниен била ризик за двајцата, но и за нејзиното семејство.

„Ниен не знае англиски, освен неколку зборови, а јас некако сакав малку да се шегувам. Сепак, полека сфатив дека имам една интересна личност. Се вратив по три месеци да се проверам дали првиот впечаток не бил привиден. Во Тајланд е вообичаено девојките да се мажат за странци, бидејќи има повеќе жени од мажи.“

Родителите на Ниен биле малку изненадени и се сомневале во намерите на Свето. Сепак, кога тој им оставил пари за три месеци да организираат свадба тие сфатиле дека тој сериозно е заинтересиран за Ниен. И за Свето тоа била проверка дали тие се чесни и дали Ниен сака да се омажи за него.

Ниен е интересна зашто умее да се радува и ништо да не и е тешко. И кога работи во бавчата и дома и кога се игра со децата, кога се подготвува за празниците. Насмевката на својата земја успешно ја негува и во Македонија.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG