Достапни линкови

logo-print

Хамас - Преговорите со Израел се фарса


Милитанти од Хамас на Западниот Брег.

Милитанти од Хамас на Западниот Брег.

Палестинската организација Хамас соопшти дека првите директни разговори меѓу палестинските и израелските преговарачи по 16 месеци се фарса и губење време. Портпаролот на исламистичката организација која владее со Појасот Газа изјави дека разговорите во Јордан „противречат со надежите и аспирациите“ на палестинскиот народ. Хамас не го признава Израел и се противи на мировните напори на палестинскиот претседател Махмуд Абас.
XS
SM
MD
LG