Достапни линкови

Карзаи поддржува отворање политичка канцеларија на талибанците во Катар


Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека неговата земја ја поддржува одлуката на талибанците да отворат политичка канцеларија во Катар за да се олеснат мировните преговори. Претходно, САД изразија подготвеност за подршка на напорите за помирување во Авганистан преку постигнување на договор со Талибанците. Портпаролката на американскиот Стејт департмент Викторија Нуланд рече дека САД ќе подржат договор кој би довел до крај на војната во Авганистан по пат на преговори.
XS
SM
MD
LG