Достапни линкови

Делови од руско вселенско летало треба да паднат на земја за 11 дена


Беспилотното летало Фобос-Грант сликано на 18 октомври 2011 на космодромот Бајконур во Казахстан.

Беспилотното летало Фобос-Грант сликано на 18 октомври 2011 на космодромот Бајконур во Казахстан.

Руските власти соопштија дека се очекува, деловите од неуспешното вселенско летало да паднат на Земјата за 11 дена. Беспилотното летало Фобос-Грант вредно 165 милиони долари беше лансирано на 9 ноември.

Леталото требаше да стигне до месечината на Марс, Фобос и да донесе примероци од почвата, но не успеа да излезе од земјината орбита.

Руските вселенски власти претходно рекоа дека очекуваат деловите да паднат на Земјата во февруари, но портпаролот на Руските вселенски одбранбени сили Алексеј Золотухин денеска изјави дека се очекува, деловите што нема да согорат во атмосферата, да паднат на Земјата на 15 јануари.
XS
SM
MD
LG