Достапни линкови

Иран ќе одржи нови воени вежби


Иранска подморница на воени вежби во Ормускиот Теснец.

Иранска подморница на воени вежби во Ормускиот Теснец.

Иранскиот министер за одбрана Ахмад Вахиди соопшти дека Иран планира да одржи повеќе воени вежби по завршувањето на 10-дневните вежби во Персискиот Залив кои ги зголемија тензиите со САД. Вахиди најави дека наскоро ќе се одржи маневар на Иранската револуционерна гарда. Тој рече дека Иран ќе направи се за да ја зачува безбедноста на Ормускиот Теснец, клучен за транспортот на нафта од Персискиот Залив и оти „силите надвор од Заливот се непотребни и штетни“.

Претходно, шефот на иранските вооружени сили изјави дека Иран ќе преземе мерки ако САД ги пренасочат носачите на авиони кон Персискиот Залив.

Белата ќука соопшти дека предупредувањето покажува дека Иран е во „слаба позиција“ и дека нема да ги промени плановите за распоредување на носачите на авиони.
XS
SM
MD
LG