Достапни линкови

Американските војници не се повлекуваат од Косово


Командантот на американските сили во составот на КФОР, полковник Џефри Лајтен изјави дека американските војници нема да се повлечат од Косово во оваа година. Според него, сегашниот состав ќе биде на Косово до септември, по што ќе дојдат американски војници со мандат да останат до јуни идната година. Моментално на Косово има 1477 американски војници. Медиумите деновиве пишуваа дека американските сили ќе се повлечат и оти на нивно место ќе дошле турски војници.
XS
SM
MD
LG