Достапни линкови

Разговори меѓу САД и Кина за Северна Кореа


Високи американски и кинески официјални претставници денеска во Пекинг разговарале за ситуацијата во Северна Кореа по смртта на Ким Џонг Ил. Притоа, како што е соопштено, биле разгледани шансите за продолжување на разговорите за нуклеарното разоружување на таа земја и за испораката американска помош во храна за Северна Кореа. Помошник американскиот државен секретар Курт Кембел по престојот во Пекинг треба да замине во Сеул на разговори со претставници на владата на Јужна Кореа.
XS
SM
MD
LG