Достапни линкови

logo-print

Продолжена вонредната состојба во Жанаозен


Казахстанскиот претседател Нурсултан Назарбаев ја продолжи вонредната состојба во Жанаозен, град во западниот дел на земјата, до 31 јануари. Вонредената состојба беше воведена откако во немирите што избувнаа во минатиот месец загинаа најмалку 16 луѓе, додека стотина беа повредени. Во денешниот претседателски декрет не се соопштуваат причините за продолжувањето на вонредната состојба. Вработените во нафтенета индустрија во Жанаозен протестираа за повисоки плати и подобри услови за работа, но властите ги обвинија за предизвикување нереди што ја принудило полицијата да употреби огнено оружје.
XS
SM
MD
LG