Достапни линкови

logo-print

Македонија и Грција прифатија нова рунда разговори за името


Метју Нимиц -посредник на ОН за спорот за мето меѓу Македонија и Грција

Метју Нимиц -посредник на ОН за спорот за мето меѓу Македонија и Грција

Преставниците на Поранешната Југословенска Република Македонија и на Грција амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис се согласиле на нова рунда разговори за спорот околу името.изјави портпарол на Обединетите Нации Специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за преговори за името ги поканил преговарачите од двете страни на средба со него во Њујорк на 16-ти и 17-ми јануари.
Од кабинетот на Нимиц соопштија дека тој најпрво ќе се сретне одделно со двајцата преговарачи, во обид да се најде заемно прифатлив приод за заживување на разговорите со цел да се направи суштински напредок кон решавање на „прашањето за името“.
XS
SM
MD
LG