Достапни линкови

logo-print

Седум загинати во самоубиствен напад во Кандахар


Повредени од самоубиствениот напад во Кандахар.

Повредени од самоубиствениот напад во Кандахар.

Најмалку седум луѓе загинаа, а неколкумина се повредени во самоубиствен бомбашки напад во Кандахар, информира авганистанската полиција. Четворица од загинатите биле цивили, а тројца полицајци.

Ова е втор самоубиствен напад во Кандахар денеска. Претходно, бомбаш-самоубиец возејќи мотор активираше експлозив при што уби 4 цивили и еден полицаец на контролен пункт во Кандахар.
XS
SM
MD
LG