Достапни линкови

logo-print

Александар Манев - Берзата ќе скокне во мај


Се она што се случуваше во регионот и Европа се пресликува на македонскиот пазар на хартии од вредност, вели претседателот на групацијата на друштва за управување со инвестициски фондови, Александар Манев.

Во текот на годината се забележуваше еден општ надолен тренд на берзата со исклучок на почетокот кога имаше еден раст. Дали тоа ја отсликува реалната состојба на пазарот или стравот на инвеститорите?

Генерално ако ја гледаме македонската берза во текот на 2011-та година, се она што се случува во регионот, во Европа и во светски размери се преслика и на македонската берза, меѓутоа ако го гледаме она што го говорат бројките и фактите може да се заклучи дека оваа година, тргувањето, прометот на македонската берза во однос на 2010 година значително е зголемен. Зголемен е за некаде 65 проценти. На што се должи ова? Оваа година се случија голем број на блок трансакции, голем број на јавни берзански аукции, јавни понуди...

Oд друга страна aко го гледаме индексот на македонската берза, на десетте најликвидни компании, индексот МБИ 10, оваа година значи почнувајќи од почеток на годината до денес е намален некаде околу 15 проценти, поточно 14,63 проценти што претставува најмал пад во регионот, пардон, освен софиската берза со суфикс кој е накаде 14 проценти. Да не заборавиме дека словенечката берза падна за 33 проценти, Загреб скоро 18 проценти, Белград 23 проценти. Значи во однос на македонскиот берзански индекс кој е некаде 15 проценти во минус, ако може така да се изразам, има добар скор, меѓутоа тоа е рефлексија, да не бидам контрадикторен, на слабата ликвидност на македонската берза.

Сега од една страна имаме бројки кои покажуваат 65 проценти зголемен промет, меѓутоа кажав зошто, тие немаа влијание на цената, тоа беше само трансфер на сопственост помеѓу акционерите на истите компании, Фондот за ПИОМ, докапитализациите кои немаа импакт врз цената, а од друга страна падот од 15 проценти кој нели е најмал во регионот, освен нели софиската берза, укажува дека македонската берза е неликвидна берза, бидејќи доколку имаше поголема размена на сопствениците на хартиите, поголеми трансакции, поголем обем, јас сум сигурен дека голем дел од инвеститорите повеќе ќе продаваа нели, а од друга страна ќе се правеа и повеќе трансакции и мислам дека МБИ 10 ќе отидеше уште на пониски размери.

Во последно време се актуелизира кризата. Дали тоа во комбинација со психолошкиот елемент што се забележува на нашиот пазар на хартии од вредност, може да придонесе за некои посериозни потреси? Секако во комбинации со неликвидноста.

Среќа е што имаме многу мал пазар, плиток, мал обем на трансакции, дневна ликвидност некаде помала и од 200 илјади евра, што придонесува цените да не одат надолу. Од друга страна, македонскиот пазар е се уште неразвиен во поглед на искуството и на финсиската едуцираност на инвеститорите, иако има нели поврзаност се она што се случува во Европа, грчката криза, меѓутоа нема до толкави размери, значи пазарот не е толку ценовно чуствителен и не е совршен, така да не ги вградува секогаш, навремемно сите оние настани што се случуваат. Со други зборови, иако има последици се она што се случува во Европа, должничката криза и влијание во поглед на песимизамот на инвеститорите, психолошкиот страв, сепак сето тоа не се рефлектира во толкави размери. Еден од факторите е и неликвидноста, длабочината на пазарот, а од друга страна неедуцираноста на инвеститорите. Мислам дека реално гледано 2012-та има општ консензус дека ќе биде исклучително тешка година за економиите.

Има најави и од аналитичари, економски експерти, меѓународни организации, предвидуваат помал раст отколку што нашата влада предвидува.

Па да, но што би сакал да напоменам, македонската берза не би можело да ја гледаме како изолиран случај, таа е интегрирана, поврзана, пред се со регионот, има присуство на регионални инвеститори, мислам дека таму накаде почнувајќи од април 2012-та година, а базирајќи се на фактот дека се она што беше лоши информаци се вградени во цените на акциите и на македонската берза, за очекување е дека некаде после април, мај ќе дојде до корекција на цените меѓутоа во позитивен правец, нагоре. Освен ако не се остварат некои најцрни сценарија како распад на европската монетарна унија, доведување во прашање натамошното функционирање на ЕУ во целина, доколку не се случи такво нешто, мислам дека полека ќе се средуваат пазарите на капитал, не економиите, бидејќи да не заборавиме пазарите на капитал секогаш се предвесник на она што се случува во економиите.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG