Достапни линкови

Абас се закани со „нови мерки“ против Израел


Палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас.

Палестинскиот претседател Махмуд Абас се закани дека ќе преземе „нови мерки“ против Израел, ако долгоочекуваната средба во Јордан не донесе продолжување на мировните разговори. Абас ова го кажа во пресрет на средбата на израелските и палестински преговарачи во Аман. Тој не кажа на какви мерки мисли, но палестински извори велат дека мерките ќе вклучат засилена актовност во ОН.

Мировните преговори меѓу Израел и Палестинците беа прекинати во септември 2010 година. Палестинците изјавија дека ќе продолжат со преговорите кога Израел ќе ја замрзнe изградбата на доселенички населби на Западниот Брег и во источен Ерусалим. Израел вели дека разговорите треба да продолжат без предуслови.
XS
SM
MD
LG