Достапни линкови

logo-print

Волерс - Глигоров ја познаваше уметноста на политиката


Американскиот амбасадор Пол Волерс.

Американскиот амбасадор Пол Волерс.

Во книгата на жалост за смртта на првиот претседател Киро Глигоров отворена во вила „Водно“ попладнево се запишаа амбасадорите на Соединетите Американски Држави и на Обединетото Кралство, Пол Волерс и Кристофер Ивон.

Американскиот амбасадор изјави дека Глигоров е пример за лидерство, прагматизам и решителност за решавање на проблемите за да се постигне повисока цел.

„Беше човек кој ја познаваше уметноста на политиката и на компромисот. Понекогаш е подобро да постигнете поголем дел од тоа што го сакате отколку да инсистирате на се, а да останете без ништо. Користејќи ја таа техника, ја воведе Македонија во Обединетите нации“, рече амбасадорот Волерс.

Книгата на жалост во претседателкста вила „Водно“ е отворена за сите граѓани денеска до 20 и утре од 8 до 12 часот.
XS
SM
MD
LG