Достапни линкови

Дијаспората жали за смртта на Глигоров


Киро Глигоров.

Киро Глигоров.

Телеграма со сочувство по повод смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на независна Македонија, денеска упати и Обединетата македонска дијаспора, организација на македонските иселеници со седиште во Вашингтон.

„Лидерството на претседателот Глигоров ја постави Македонија на курсот кон слободата за која македонските граѓани и македонските иселеници ќе му бидат вечно должни“, изјави претседателот на Одборот на ОМД Стојан Николов.

Претседателот на ОМД Методија Коловски, пак, рече дека Македонија денеска жали бидејќи изгуби голем државник, човек кој ги стави интересите на Македонија и македонскиот народ пред се останато.
XS
SM
MD
LG