Достапни линкови

Хашим Тачи - Смртта на Глигоров е голема загуба за Македонија


Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Косовскиот премиер Хашим Тачи.

Косовскиот премиер Хашим Тачи испрати телеграма со сочувство до неговиот македонски колега Никола Груевски и до семејството на починатиот прв претседател на Република Македонија Киро Глигоров.

„Смртта на поранешниот претседател Глигоров, значајна личност од почетокот на демократската транзиција на Македонија, претставува голема загуба за граѓаните и институциите на Македонија“, се вели во телеграмата од косовскиот премиер.

Претходно, телеграма со сочувство до претседателот Ѓорге Иванов упати и косовската претседателка Атифете Јахјага.
XS
SM
MD
LG