Достапни линкови

Поскапува бензинот


Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за 1,5 денари за литар, а на дизелот за половина денар.

Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 77,50 денари, Еуросупер БС-98 ќе се продава по 79,50 денари за литар, а цената на Еуродизелот ќе изнесува 70 денари за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета, односно 58,50 денари за литар.

Се зголемува и цената на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,026 денари за килограм.
XS
SM
MD
LG