Достапни линкови

Бројот на азиланти од БиХ во Шведска зголемен за 700 насто


Бројот на баратели на азил во Шведска во текот на минатата година е намален на 29.648 лица, за разлика од 31.819 апликанти кои побарале азил во 2010 година.
Во исто време, како што јави МИА од Гетеборг, бранот на бегалци кои во Шведска доаѓаат од Авганистан лани се зголемил за 72 отсто, од Сирија за 52 отсто, а од Босна и Херцеговина за речиси 700 отсто. Но, малкумина баратели на азил од балканските земји добиваат дозвола за престој во Шведска.
Oд друга страна, на околу 90 отсто од поднесените молби на азиланти од Сомалија и Еритреа се добиваат позитивни решенија за престој во Шведска, јави Шведското радио.
XS
SM
MD
LG