Достапни линкови

Републиканците избираат противкандитат на Обама


Републиканските претседателски кандидати.
Републиканските претседателски кандидати.

Во американската држава Ајова денеска ќе се одржи првото гласање во неколкумесечниот процес низ Соединетите Држави преку што ќе биде решено кој ќе биде кандидатот на Републиканската партија кој ќе го предизвика претседателот Барак Обама на изборите во ноември годинава. Гласачите во Ајова ќе одржат неколку партиски состаноци на кои ќе го кажат нивниот избор за републикански кандидат.

Последните испитувања на јавното мислење покажаа дека во Ајова, поранешниот гувернер на Масачусец Мит Ромни е во тесна трка со конгресменот од Тексас Рон Пол и со поранешниот сенатор од Пенсилванија Рик Санторум.
Веројатно најголемата закана со која се соочуваме во светот е нуклеарниот Иран. Обама, ако се сеќавате, рече дека ќе се ангажира околу Иран. Но, тоа не се одвива како што треба.
Мит Ромни, поранешен гувернер на Масачусец.

Преостанатите републикански кандидати се: поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич, гувернерот на Тексас Рик Пери, конгресменката од Минесота Мишел Бакман и поранешниот американски амбасадор во Кина Џон Хантсман.

Анкетите спроведени пред денешните состаноци на Републиканската партија сугерираат дека над 40 насто од гласачите во Ајова се уште биле неопределени.
Мит Ромни
Мит Ромни


Предводникот во трката Мит Ромни на вчерашата кампања во Давенпорт го критикуваше Обама, бидејќи не презел доволно за да го одврати Иран од нуклеарната програма.

Зборуваат за надворешната, економската, монетарната политика. Има едно прашање што ја направи Америка голема, прашање кое може да одговори на сите ваши прашања, а тоа е прашањето за индивидуалната слобода
Рон Пол, конгресмен од Тексас
„Веројатно најголемата закана со која се соочуваме во светот е нуклеарниот Иран. Обама, ако се сеќавате, рече дека ќе се ангажира околу Иран. Но, тоа не се одвива како што треба. Иран ја остварува својата нуклеарна програма. Тие веќе објавија дека развиле нуклеарна прачка и тестирале ракета ’земја-воздух‘ со долг дострел. Откако Обама дојде за претседател, Иран стана поголема закана.“

Обама и неговите советници неодамна објавија дека сегашната администрација направила повеќе од која и да било претходна во справувањето со иранските нуклеарни амбиции.


Тука пред се се наведуваат санкциите што Соединетите Држави и меѓународната заедница ги имаат воведено против Исламската Република.

Некои од републиканските кандидати, како конгресменот Рон Пол, на кампањата во Ајова се обидува да освои гласови, одбегнувајќи ги надворешно-политичките прашања.

„Што се однесува до мене, постои само едно прашање Знаете, тие зборуваат за многу прашања:. Зборуваат за надворешната, економската, монетарната политика. Има едно прашање што ја направи Америка голема, прашање кое може да одговори на сите ваши прашања, а тоа е прашањето за индивидуалната слобода.“

По состаноците во Ајова, идната недела слични внатрепартиски изјаснувања ќе се одржат во Њу Хемпшир, а целиот процес треба да трае до јуни годинава кога ќе се одржи националната конвенција.

На ваквите партиски избори, како на денешните во Ајова, гласачите не избираат одреден кандидат, туку решаваат колку некој кандидат ќе има делегати на таа национална партиска конвенција.

Паралелно и американската Демократска партија избира кандидат за претседател, но тие избори се формални, бидејќи Барак Обама несомнено е внатрепартиски фаворит.

Денешното изјаснување се смета за едно од најважните, затоа што од претходните пет, било републикански, било демократски гласања во Ајова, на четири победникот бил и конечен кандидат за претседателските избори во ноември.

Многу важен за кандидатите е и таканаречниот Супер вторник кој годинава паѓа на 6 март. Тогаш се решава за најголем број делегати за националните конвенции, бидејќи партиски гласања се спроведуваат во 10 сојузни држави.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG