Достапни линкови

Бериша: Глигоров беше основач на незвисна Македонија


Албанскиот премиер Сали Бериша упати телеграма со сочувство по повод смртта на претседателот Киро Глигоров.
„Смртта на поранешнот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров е голема загуба за Македонија и за нејзините пријатели во регионот и светот. Како основач на независна Македонија и прв претседател избран на демократски начин Киро Глигоров даде драгоцен придонес во мирот и стабилноста на Македонија и јужниот дел на Балканот, како и во регионалната соработка“, пишува во телеграмата со сочувство албанскиот премиер.
.
XS
SM
MD
LG