Достапни линкови

„Терористи“ го кренаа во воздух гасоводот во централна Сирија


Сирија - анти владини протести во Идлиб

Сирија - анти владини протести во Идлиб

Сириската државна новинска агенција САНА јави дека „терористи“ го кренале во воздух гасоводот во централна Сирија. Жртви при тоа немало. Експлозијата се случила кај градот Растан во провинцијата Хомс.
Имаше неколку напади врз гасоводот откако почнаа протестите против режимот на Башар ал Асад. Власта ги оценува како терористички саботажи, а опозицијата наведува дека режимот создава страв од тероризам за добие подршка од народот.
Според ОН, над 5 илјади луѓе се убиени во Сирија во нападите на безбедносните сили врз демонстрантите.
XS
SM
MD
LG