Достапни линкови

Сочувство од Претседателот на Косово за смртта на Глигоров


Атифете Јахјага

Атифете Јахјага

Косовската претседателка Атифете Јахјага, испрати телеграма со сочувство по повод стртта на Киро Глигоров, првиот претседател на Република Македонија.
„Смртта на првиот претседател на демократска, плурална Република Македонија, кој транзицијата од комунизмот во демократски систем ја направи на мирен начин, претставува загуба за инситуциите и народот на Македонија“, пишува во телеграмата на Јахјага.
За смрта на првиот македонски претседател, јавија сите косовски медиуми, посебно нагласувајќи го фактот дека негова заслуга е што Македонија е единствена репубика од поранешна Југоаславија која се оддели без војна.
XS
SM
MD
LG