Достапни линкови

Иран - американскиот носач на авиони да не се враќа во Заливот


The Nimitz-class aircraft carrier USS John C. Stennis

The Nimitz-class aircraft carrier USS John C. Stennis

Командантот на иранските вооружени сили изјави дека американскиот носач на авиони кој се наоѓа на Блискиот Исток не смее да се врати во Заливот.
Атаолах Салехи, како што јавуваат новинските агенции, изјави дека Иран ќе превземе акција доколку носачот се врати во водите на Заливот и оти предупредувањето нема да биде повторено. Тој не именува за кој носач на авиони станува збор ниту каква акција би превзел Иран.
Вчера Иран ги заврши 10 дневните поморски маневри во Заливот каде што беа истрелани серија ракети во близина на теснецот Ормуз низ кој минува една третина од светските танкери со нафта.
Иран се закануваше деќа ке го затвори теснецот доколку западните сили со санкции го погодат иранскиот нафтен сектор.
Американската 5 та флота стационирана во Бахреин пак соопшти дека нема да дозволи поморската рута да биде нарушена и теснецот да биде затворен. Минатата недела американскиот брод Цон. Ц Стенис мина низ тесенцот што Стејт Департментот го нарече рутинска пловидба.
XS
SM
MD
LG