Достапни линкови

Ден на жалост во Македонија- погреб на Киро Глигоров


Денеска во Македонија е ден на жалост поради смртта на поранешниот претседател на државата Киро Глигоров, кој почина завчера на 94-годишна возраст. Погребот ќе биде извршен денеска во 13 часот во алејата на великаните на градските гробишта во Бутел. Погребот ќе биде извршен во најтесниот круг на семејството, според желбата на Глигоров.
Бидејќи се работи пред се за семеен чин, доколку семејството на Глигоров се согласи, Владата и државните институции сметаат дека е потребно да се организира погреб со највисоки државни и воени почести, но ќе ја почитуваат секоја одлука на семејството Глигорови сочувствувајќи со нивната загуба, болка и тага, се вели во соопштението од владата.
Киро Глигоров е роден на 3 мај 1917 година во Штип. Беше претседател на Република Македонија во два мандата од 1991 до 1999 година.
XS
SM
MD
LG