Достапни линкови

Протести во Унгарија поради новиот Устав


Десетици илјади Унгарци учествуваа синоќа во протестите во Будимпешта, обвинувајќи ја владејачката партија за поткопување на демократијата во земјата. Протестниот собир е одржан пред зградата на Државната опера, во која се одржуваше гала прослава по повод усвојувањето на новиот устав. Демонстрантите, кои премиерот Виктор Орбан го нарекуваа „Виктатор“, ја обвинуваат владата дека со новиот устав ја водат земјата кон диктатура. Тие тврдат дека со усвоените измени се засилува политичката контрола врз судството, централната банка, верските заедници и медиумите.
Некои од последните потези на унгарската влада неодамна беа критикувани и од Европската Унија и од САД, како и од некои меѓународни организации.
XS
SM
MD
LG