Достапни линкови

Почнува трката за претседателски кандидат на Републиканците


Мит Ромни и Рик Пери

Мит Ромни и Рик Пери

Во американската сојузна држава Ајова денеска почнува неколкумесечниот процес на избор на претседателски кандидат на Републиканската партија, кој ќе му се противстави на актуелниот претседател на САД Барак Обама на изборите во ноември. Последните анкети покажуваат дека поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни е речиси изедначен со конгресменот од Тексас Рон Пол, а на трето место е поранешниот сенатор од Пенсилванија Рик Санторум. Другите четворица кандидати на републиканците се поранешниот спикер на Претставничкиот дом Њут Гингрич, тексашкиот гувернер Рик Пери, конгресменката од Минесота Мичел Бахман и поранешниот американски амбасадор во Кина Џон Хунтсман.
Во идниот вторник изборната трка продолжува во Њу Хемпшир, а предвидено е процесот да трае до јуни.
XS
SM
MD
LG