Достапни линкови

Блумберг жали за нападот врз џамија во Њујорк


Протести против изградба на исламски центар и џамија во близина на местото каде што беа кулите Близначки во Њујорк во 2010 година.

Протести против изградба на исламски центар и џамија во близина на местото каде што беа кулите Близначки во Њујорк во 2010 година.

Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг изрази разочараност по инцидентот во кој една џамија беше погодена со молотови коктели. Зградата во околината на Квинс беше нападната вчера, а полицијатаа соопшти дека случајот го истражува како злосторство од омраза. Претходно во истата облaст имаше уште два напади на објекти во кои работат муслимани.

Во соопштението од градоначалникот се вели дека нападот на џамијата е во спротивност на она за што се залага градот. Мајкл Блумберг е познат како бранител на муслиманите во градот и беше на страната на плановите да се изгради исламски центар и џамија два блока од поранешната локацијата каде се наоѓаа кулите близначки, кои беа уништени во нападот на 11 септември 2001 година од страна на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG