Достапни линкови

По веста за смртта на првиот претседател Киро Глигоров, државнот врв и лидерите на партиите упатуваат писма со сочуство до неговото семејство. Првиот претседател ќе остане запаметен како творец на самостојна Македонија по мирен пат.

Киро Глигоров ќе биде запаметен како прв претседател на самостојна Македонија, кој успеа да ја изгради државата по мирен пат. Тоа е неговото најголемо достигнување согласни се и граѓаните и политичарите.
Глигоров ќе остане запаметен како човек и политичар кој имал сериозни заслуги и придонеси во ослободувањето, создавањето, меѓународната етаблираност и развојот на Република Македонија. Неговите дела ќе останат запишани во македонската историја и во колективната меморија на нашиот народ и граѓаните на Република Македонија.

Киро Глигоров почина синоќа во неговиот дом на 94-годишна возраст. Роден на 3 мај 1917 година во Штип, а функцијата ја извршуваше од 27 јануари 1991 година до 19 ноември 1999 година.

Погребот ќе биде извршен утре во 13 часот на гробиштата Бутел, во кругот на најтесното семејство.

По веста за смртта на првиот претседател, од Кабинетот на сегашниот претседател Ѓорге Иванов соопштиja дека шефот на државата со жалење ја примил веста за смртта на Глигоров и упати сочувство до неговото семејство.

„Неговите два претседателски мандати ги одбележа етаблирањето на Македонија како независна држава. Претседателот Глигоров беше носител на Орденот на Република Македонија, прв кој го понесе највисокото македонско одликување.
Киро Глигоров и Ѓорге Иванов

Киро Глигоров и Ѓорге Иванов

Претседателот Глигоров доживеа да ја види Македонија како стабилна и напредна држава. Нека му е вечна слава“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Премиерот Никола Груевски од името на Владата и од негово лично име исто така упати телеграма со сочуство до семејството на Глигоров.
Ниту една друга личност во овие 20 години немала во истовреме таква подршка од граѓаните на Македонија и таква меѓународна почит и уважување. Стара изрека е дека историјата ја пишуваат победниците. Но, нема такви победници кои можат да ја избришат грандиозната улога на Киро Глигоров во историјата на македонскиот народ и македонската држава.

„Глигоров ќе остане запаметен како човек и политичар кој имал сериозни заслуги и придонеси во ослободувањето, создавањето, меѓународната етаблираност и развојот на Република Македонија. Неговите дела ќе останатзапишани во македонската историја и во колективната меморија на нашиот народ и граѓаните на Република Македонија“, се вели во писмото со сочуство од премиерот Никола Груевски.

Лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, пак, изјави дека најмногу благодарение на Глигоров и на неговата политика, Македонија стана независна и меѓународно признаена држава по мирен пат, без жртви и крвопролевање.
Глигоров на 20-от роденден на СДСМ

Глигоров на 20-от роденден на СДСМ


„Ниту една друга личност во овие 20 години немала во исто време таква подршка од граѓаните на Македонија и таква меѓународна почит и уважување. Стара изрека е дека историјата ја пишуваат победниците. Но, нема такви победници кои можат да ја избришат грандиозната улога на
Единствен претседател кој вредеше, комплетен, кој не не натера да одиме во војна, од Југославија ние останавме недирнати, тој е човек кој
заслужува сите заслуги за Македонија.

Киро Глигоров во историјата на македонскиот народ и македонската држава“, вели Црвенковски.

Тој истакна дека Глигоров беше првиот што се залагаше за идејата за интеграција на Македонија во ЕУ и во НАТО.

И претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети со исто видување.

„Претседателот Глигоров и по​ Глигоров во својот Кабинет, за време на претседателскиот мандат

Глигоров во својот Кабинет, за време на претседателскиот мандат

осамостојувањето се залагаше за понатамошното градење на независна држава како и за зачленувањето на Република Македонија во меѓународни организации“, се вели во соопштението од Кабинетот на лидерот на ДУИ.

Веста за смртта на Глигоров, граѓаните ја примија со жалење и имаа само пофални зборови за неговото дело.

„Многу добар, тој е прв претседател
Ќе остане во историјата како личност за почит и треба ние Македонците да му бидеме благодарни за тоа.
на Македонија и многу направи за Македонија, држава да бидеме.“

„Беше добар, во споредба со другите секоја му чест.“

„Лично за него нема што лошо да кажам, нема негативно.“

„Единствен претседател кој вредеше, комплетен, кој не не натера да одиме во војна, од Југославија ние останавме недирнати, тој е човек кој
заслужува сите заслуги за Македонија.“
Атентатот врз Глигоров од 1995 година се уште е неразјаснет.

Атентатот врз Глигоров од 1995 година се уште е неразјаснет.


Мислењето го делат и политичарите кои за време на функцијата на Глигоров беа присутни на политичката сцена. Првиот претседател на Собранието на Македонија, Стојан Андов вели дека се простуваме со личност која единствена во нашата историја ги спои двете најголеми одлуки - Едната на АСНОМ во 1944 година, а другата е осамостојувањето на Макеоднија во 1991 година.

„Тој учествуваше и во едната и во другата, а во 1991-та имаше клучна улога. Ќе остане во историјата како личност за почит и треба ние Македонците да му бидеме благодарни за тоа.“
Како претседател на Македонија практично допринесе најмногу со својата мудрост, политичко искуство, Македонија по мирен пат да стекне самостојност и независност.

Пратеникот во сите состави на Собранието од осамостојувањето, Тито Петковски вели дека Глигоров ќе биде запаметен како еден од втемелувачите и основоположниците на македонската држава.

„Како претседател на Македонија практично допринесе најмногу со својата мудрост, политичко искуство, Македонија по мирен пат да стекне самостојност и независност. Значи во тие турбулентни времиња многу умешно ја водеше Македонија кон целта самостојна и суверена држава, меѓународно почна да се етаблира и да стане практично држава со сите потребни атрибути.“

Поранешниот министер за надворешни работи Слободан Чаушуле вели дека неспорно е дека Глигоров остави белег врз времето во кое дејствуваше. Како прв претседател беше изложен на непријатни преговори за време на распаѓањето на Југославија и беше изложен на збунетоста на македонското општество што сака со својата држава.

„Товарот беше премногу голем за да се најдат оптимални решенија за тоа време, време во кое поважно од се беше да се сочува мирот наспроти војната со која другите делови од Југославија се раздружуваа. Од таму историјата, а треба да се направи поголема дистанца, ќе биде вистинскиот вреднувач на ликот и делото на господинот Глигоров.“

Владата денеска ќе одржи седница на која утрешниот ден ќе го прогласи за ден на жалост.

За време на неговиот мандат во 1995 година врз Глигоров беше извршен атентат, кој го преживеа со тешки повреди на главата. Досега не се откриени ни нарачателите, ни извршителите на атентатот, а истрагата е се уште отворена.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG