Достапни линкови

Меркел и Саркози ќе се сретнат наредната недела


Францускиот претседател Николас Саркози на 9 јануари во Берлин треба да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел на разговори за новите правила за поголема буџетска дисциплина во ЕУ. Средбата ја најави Кабинетот на францускиот претседател, но не даде дополнителни информации.

Министрите за финансии на 27-те земји од ЕУ ќе се сретнат на 23 јануари, една недела пред лидерите на земјите-членки да одржат самит. Тие ќе бидат под силен притисок да најдат дефинитивно решение за кризата која му се заканува на опстанокот на еврото, 10 години од воведувањето на заедничката валута.
XS
SM
MD
LG