Достапни линкови

Сириската војска се повлекла од градовите


Антивладини протести во Амуда.

Антивладини протести во Амуда.

Шефот на Арапската лига Набил ал-Араби изјави дека сириската армија се повлекла од градовите во земјата, но оти се уште има престрелки и снајперисти на некои места. Тој рече дека набљудувачите од Арапската лига, кои треба да утврдат дали Сирија се придржува до мировниот план на Лигата, обезбедиле храна за жителите на еден од најнемирните градови, Хомс.

Сириската опозиција ги критикува арапските набљудувачи дека не успеале правилно да го оценат степенот на насилство во земјата.
XS
SM
MD
LG