Достапни линкови

Штипјани тагуваат за нивниот сограѓанин Киро Глигоров


Штипјани со тага ја примија веста за смртта на Киро Глигоров, првиот претседател на Македонија. Во неговото родно маало „Стар Конак“ се уште стои куќата, каде што е роден Глигоров. Неговите родители куќата ја подариле на државата, која подоцна е дадена на семејството Казанџиски. Соседите на Глигоров велат дека тој до пред неколку години ги посетувал на Коледе, а во Штип бил чест гостин и на фестивалот за забавна музика „Макфест“.

Неговиот татко бил занаетчија, а неговата мајка домаќинка. Детството го поминал заедно со неговата сестра Цвета Глигорова, која е сопруга на генерал Михаило Апостолски.

Според соседите, Глигоров бил роден како Панчев, а на седумгодишна возраст кога тргнал во српско училиште, тогашниот директор му го сменил презимето во Глигоровиќ, кое го носел до 1941 година.

Глигоров во 1928 година се запишал во тогашната прогимназија во Штип, која ја завршил во 1932 година, каде некое време работел како библиотекар, по што заминува во Скопје и го продолжува своето образование.
XS
SM
MD
LG