Достапни линкови

logo-print

Франција - Иран праќа многу лош сигнал со тестирањето ракети


Ирански воени вежби во Оманското Море во близина на Ормускиот Теснец.

Ирански воени вежби во Оманското Море во близина на Ормускиот Теснец.

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека последното иранско тестирање ракети е „многу лош сигнал“ до меѓународната заедница. Франција нагласи дека Иран треба да ги остави отворени морските патишта за транспорт на нафта.

Иран, претходно соопшти дека успешно тестирал проектили од долг дострел, на последниот ден од воените вежби во Персискиот Залив. Иран одржуваше 10-дневна воена вежба во близина на Ормускиот Теснец, каде што поминува една третина од светскиот поморски транспорт на нафта.
XS
SM
MD
LG