Достапни линкови

Ахмети - Глигоров ќе остане запишан во историјата на Македонија


Лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Претседатлот на ДУИ Али Ахмети испрати писмо со сочувство до семејството на првиот претседател на независна Македонија Киро Глигоров, кој почина синоќа на 94 години. Ве молам да ги прифатите искрените изрази на сочуство од страна на Демократската унија за интеграција, како и од мое лично име, за оваа голема загуба за вашето семејство, но и за Република Македонија, пишува Ахмети.

„Првиот Претседател на независна Македонија има големи заслуги за целосното и мирно отцепување на Република Македонија од поранешната Југославија без конфликт што несомнено придонесе кон конечниот распад на Југославија. Претседателот Глигоров и по осамостојувањето, се залагаше за понатамошното градење на независна држава како и за зачленувањето на Република Македонија во меѓународни организации“, се наведува во писмото од Ахмети.

Лидерот на ДУИ пишува дека името и делото на претседателот Глигоров ќе останат заслужно запишани во историјата на Македонија.
XS
SM
MD
LG