Достапни линкови

Утре ден на жалост поради смртта на Киро Глигоров


Првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глиров.

Првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глиров.

Владата денеска ќе одржи седница на која ќе донесе одлука утре (3 јануари 2012) да биде прогласен за ден на жалост по повод смртта на првиот претседател на независна Република Македонија Киро Глиров.

Владата и државните институции сметаат дека е потребно да се организира погреб со највисоки државни и воени почести доколку семејството на Глигоров се согласи, но ќе ја почитуваат нивната одлука, сочувствувајќи во тагата, објави МИА.

Глигоров почина синоќа во својот дом во Скопје на 94 години. Роден е на 3 мај 1917 година во Штип. Беше претседател на Република Македонија во два мандата од 1991 до 1999 година.

Погребот на Глигоров ќе биде извршен утре во 13 часот во Алејата на великаните на гробиштата во Бутел.
XS
SM
MD
LG