Достапни линкови

logo-print

Претседателот Иванов изрази сочувство до семејството на Глигоров


Поранешниот и сегашниот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов.

Поранешниот и сегашниот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов.

Претседателот Ѓорге Иванов со жалење ја прими веста за смртта на поранешниот претседател Киро Глигоров, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот. Во овие тешки мигови на загуба, стои во соопштението, би сакал да упатам изрази на искрено сочувство до семејството на претседателот Киро Глигоров.

Киро Глигоров беше првиот претседател на независна Република Македонија. По извршувањето на повеќе одговорни функции во поранешна Југославија, во 1991 година во македонското Собрание беше избран за претседател на Републиката. Вториот претседателски мандат го доби на изборите во 1994 година. Неговите два претседателски мандати ги одбележа етаблирањето на Македонија како независна држава. Претседателот Глигоров беше носител на Орденот на Република Македонија, прв кој го понесе највисокото македонско одликување.

Претседателот Глигоров доживеа да ја види Македонија како стабилна и напредна држава. Нека му е вечна слава, се вели во соопштението од Кабинетот на претседателот Иванов.
XS
SM
MD
LG