Достапни линкови

Ханија го посети бродот Нави Мармара во Турција


Исмаил Ханија, премиер на Појасот Газа од Хамас.

Исмаил Ханија, премиер на Појасот Газа од Хамас.

Премиерот на Појасот Газа од Хамас Исмаил Ханија денеска го посети бродот што носеше хуманитарна помош за Палестинците во 2010 година при што беше нападнат од израелските сили, за време на неговата посета на Турција. Ханија им оддаде почит на деветмината активисти што беа убиени кога израелските командоси упаднаа на бродот Нави Мармара што пловеше под турско знаме.

Тој рече дека дошол во Турција да се заблагодари за поддршката на палестинската кауза.

Ова е прво патување на Ханија надвор од Газа откако Хамас ја презеде контролата на оваа палестинска територија во 2007 година. Тој вчера се сретна со турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
XS
SM
MD
LG