Достапни линкови

Судири меѓу полицијата и муслимани во северо-западна Кина


Во северо-западна Кина дошло до судири меѓу полицијата и поголема група муслимани, кога властите урнале една џамија. Според Центарот за човекови права и демократија со седиште во Хонг Конг, до инцидентот дошло на 30-ти декември, кога околу илјада полицајци асистирале на уривање на џамијата, на што реагирале локалните муслимани. Притоа, 50 луѓе биле повредени, а над 100 затворени. На крај џамијата сепак била урната.
XS
SM
MD
LG