Достапни линкови

Во Каиро продолжи процесот против Мубарак


Во Каиро денеска продолжи судскиот процес против соборениот египетски претседател Хосни Мубарак, кој се товари за смртта на демонстранти за време на протестите против неговиот режим. Доколку обвинението биде докажано, Мубарак, кој има 83 години и тешко нарушено здравје, би можел да добие смртна казна. На местото каде што се одвива судењето имало собрано десетици луѓе кои извикувале слогани против Мубарак. Инаку, паралелно се одвиваат судски процеси и против поранешниот министер за внатрешни работи и други високи функционери од режимот на Мубарак.
XS
SM
MD
LG