Достапни линкови

Во овој месец промоција на Порта Македонија и Три врби


Портата „Македонија“ ќе биде прв објект што Министерството за култура ќе го промовора во 2012 година, според најавата – овој месец. Мотиви од македонската историја и традиција се на фасадата на портата, која е проект на Валентина Стевановска, авторка и на споменикот „Воин на коњ“ на плоштадот.
Портата е дел од проектот на Министерството за култура за поставување 35 скулптури во центарот на Скопје. Од него за реализација ќе останат уште трите врби во Вардар кои, според најавите од Министерството, ќе бидат промовирани овој или наредниот месец.
Во втората половина на 2012 се очекува да биде отворен и Стариот скопски театар, за кој е избран и специјално напишан текст за првата премиера - „Вечна куќа“ од Јордан Плевнеш.
XS
SM
MD
LG