Достапни линкови

Иран изврши тестирање на проектили од долг дострел


Иран соопшти денеска дека успешно тестирал проектили од долг дострел, на последниот ден од воените вежби во Персискиот Залив. Оваа информација ја објави државната агенција ИРНА, цитирајки го командант Махмуд Мосави. Иран одржуваше 10-дневна воена вежба во близина на Ормускиот Теснец, каде што се одвива една третина од светскиот поморски транспорт на нафта.
Во минатата недела имаше вербални тензии меѓу Соединетите Држави и Иран во врска со овој теснец. Техеран се закани дека ќе го затвори доколку бидат воведни дополнителни санкции, а Вашингтон истакна дека тоа нема да го дозволи.
XS
SM
MD
LG