Достапни линкови

Швајцарија не му даде виза на роднина на Башар ал-Асад


Безбедносните сили апсат демонстранти во градот Дума.

Безбедносните сили апсат демонстранти во градот Дума.

Врховниот суд на Швајцарија го одби барањето на роднината на сирискиот претседател Башар ал-Асад, 40-годишниот Хафез Махлуф, да го посети неговиот адвокат во земјата. Махлуф побара од Швајцарскиот федерален суд да му даде виза за да може да разговара со адвокатот за поништување на меѓународните санкции против него. Тој е армиски полковник и е на чело на единицата во Дамаск на сирискиот генерален директорат за разузнавање. ЕУ наметна санкции против Махлуф, кој се смета за близок со помладиот брат на Башар ал-Асад, Махер, за кого пак се верува дека ја води операцијата за крваво задушување на антивладините протести.
XS
SM
MD
LG